
Израел и Палестина ќе се заколат, а Инфантино сака заедно да организираат СП?!
Во ек на својата посета на Израел, Инфантино кој лобира кај земјите членки за проектот „иднина на фудбалот“ во кој вклучува сериозна реформа прво со календарот на натпревари по 2024 година, а меѓу другото и Мундијал на секои две години, на претседателот на ФИФА му падна идеја Израел и Палестина заеднички да организираат едно вакво Светско првенство.
Иако Израел и Палестина се официјално во војна, па до неодамна имаше ракетирања од западниот брег кон Израел, па жестока реакција на Израелците, Инфантино со фудбалот сакал да ги помири, само прашање е дали ова е изводливо или тотално луда идеја.
„Зашто да не сонуваме за СП во Израел и неговите соседни земји? Со 'абрахамовиот закон' зошто да не организираме вакво СП на Блискиот исток? Зошто Израел и Палестина заедно да не организираат еден Мундијал?“, вели Инфантино.
Израел на светата земја прогласи независност во 1948 година, ама е практично постојано во готовс поради опкружувањето на муслиманските земји, кои сметаат дека Израел ја окупира Палестина. Со Египет има мировен договор од 1979 година, со Јордан од 1994 година, а првпат со арапска земја воспостави нормални контакти пред две години и тоа со Обединетите Арапски Емирати.
Но, нетрпеливоста на Израелците со муслуманите е огромно, па тешко за верување дека Светско првенство би можело да се игра во едно такво ептен нестабилно подрачје.