Изјава на годината во Белорусија: Имаме болни фудбалери, ама атмосферата е – здрава!

Откако удри пандемијата со коронавирус, Белорусија веќе неколку месеци е во фокусот на вниманието во светот најмногу поради лудориите во оваа бивша советска република околу играњето фудбал во ек на најголемата светска криза.

Белорусите не го прекинаа првенството, препораките им беа да пијат водка и да не „бидат жени па да се плашат од короната“, а иако заразата се шири во земјата, има и заразени фудбалери, урнебесните изјави продолжуваат да ја засмејуваат светската јавност, иако на многумина не им е до смеење.

Сергеј Воробјов е генерален директор на Динамо Брест, а сакајќи да ја смири ситуацијата откако во клубот се појавила зараза од Ковид-19, а закачила неколку фудбалери, тресна нешто кое веднаш беше окарактеризирано како – изјава на годината.

„Да, имаме болни играчи во тимот, неколку клучни фудбалери се контролираат, направени се тестови на корона, но атмосферата ни е – здрава!“, рекол Воробјов