Историја: Меси со Интер Мајами ја освои МЛС-лигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер Мајами испишаа историја, откако со триумфот против Ванкувер (3-1) ја освоија првата титула во постоењето во МЛС-лигата.

Окампо со автогол му донесе предност на Интер Мајами, а водството се задржа сè до 60. минута кога Ахмед израмни на 1-1.

Де Пол стрелаше за Интер Мајами во 71. минута, а на крајот победата ја запечати Аленде во шестата минута од судиското надополнување.

Трофејот во МЛС-лигата ќе биде вкупно 48. пехар во колекцијата на Меси.