Миовски по пауза од два месеци постигна гол за Ренџерс (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски по пауза од два месеци повторно погоди за Ренџерс, и тоа за водство од 1-0 против Килмарнок во 15. коло од шкотскиот шампионат.

Миовски добиваше критики од навивачите на Ренџерс во изминатиот период поради тоа што не успеваше да се запише во листата на стрелци, но Македонецот вечерва успеа да им одговори со погодок во 33. минута.

Ова за македонскиот напаѓач е трет гол за Ренџерс, откако претходно постигна по еден во шкотската лига и во Лига Купот.