Криза на „Енфилд“: Салах ја отвори душата и предизвика „земјотрес“ во Ливерпул

Мохамед Салах остана на клупата за резерви во мечот против Лидс (3-3), а во изјава за новинарите не го криеше разочарувањето од потегот на тренерот на Ливерпул, Арне Слот.

Ливерпул има ужасни резултати оваа сезона, а Салах со неговата искрена изјава предизвика земјотрес на „Енфилд“.

„Не можам да поверувам, разочаран сум. Многу дадов за овој клуб, сите тоа го видовте во текот на годините. Да се биде на клупата, не знам зошто се случува тоа. Чувствувам како намерно да ме саботираат. Претходно кажав дека имаме добри односи со тренерот, но наеднаш ситуацијата се промени“, кажа Салах.

Актуелниот шампион успеа да победи на само два од последните 10 натпревари во Премиер лигата.

Фото: Facebook/Liverpool FC