Ливерпул прокоцка победа против Лидс во 96. минута (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул ремизираа на гостувањето кај незгодниот Лидс (3-3) во 15. коло од Премиер лигата.

Првото полувреме помина без голови, по што Уго Екитике во рок од три минути погоди два пати за предност од 2-0 на Ливерпул до 50. минута.

Лидс го возврати ударот преку Калверт-Луин и Штах во 73. и 75. минута. Ливерпул набрзо постигна и трет гол преку Собослаи, но радоста траеше до 96. минута кога Танака погоди за конечни 3-3.

Фото: Leeds United/Facebook