Хет-трик на Кејн: Баерн Минхен со „петарда“ го разнесе Штутгарт (ВИДЕО)

Германскиот шампион Баерн Минхен триумфира со убедливи 5-0 против Штутгарт за 12. победа по 13 одиграни кола во Бундеслигата.

Лајмер во 11. минута погоди за водство на Баерн од 1-0, по што Штутгарт успеа да израмни во 40. минута, но голот потоа беше поништен поради офсајд од ВАР-технологијата.

Баварскиот гигант се разигра во вториот дел, па постигна уште четири голови. Станишиќ беше стрелец на еден од нив, додека останатите три беа дело на Хари Кејн.

Останати резултати:

Келн - Сент Паули 1-1
Аугсбург - Баер Леверкузен 2-0
Хајденхајм - Фрајбург 2-1
Волфсбург - Унион Берлин 3-1

Standings provided by Sofascore