Паднаа осум гола во Севиља: Торес со хет-трик ја израдува Барселона (ВИДЕО)

Барселона триумфира со 5-3 против Бетис во Севиља во 15. коло од шпанската Ла Лига, а на мечот блесна Феран Торес со хет-трик за 29 минути.

Антони го отвори резултатот во шестата минута, кога погоди за 1-0 за Бетис, но потоа Барселона постигна четири погодоци до крајот на првиот дел. Три од нив беа дело на Торес, а еден додаде Барџи.

Ламин Јамал во 59. минута од пенал зголеми на 5-1, по што Бетис во завршницата преку Љоренте и Ернандез намали на 3-5.

Фото: Facebook/FC Barcelona