Втор пораз по ред за Атлетико: Беренгер ги шокира гостите од Мадрид (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид загуби уште еден натпревар во Ла Лига, откако вечерва на гостувањето кај Атлетик Билбао беше поразен со 0-1.

Домашниот тим беше поконкретен на теренот и создаде повеќе шанси, а на крајот постигна еден гол, и тоа преку Алехандро Беренгер за триумф од 1-0.

Гостите од Мадрид не успеаја да одговорат во завршницата од дуелот, па така Атлетик Билбао додаде три бодови на своето конто во Ла Лига.

Standings provided by Sofascore