Интер го здроби Комо, Верона ја шокира Аталанта (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер беа пресилни за Комо (4-0), додека Верона успеа да ја изненади Аталанта со 3-1 во 14. коло од италијанската Серија А.

Мартинез во 11. минута погоди за предност од 1-0 на Интер, додека „нераѕурите“ постигнаа уште три погодоци во вториот дел од мечот.

Турам во 59. минута стрелаше за 2-0, а потоа Чалханоглу и Карлос Аугусто погодија за конечни 4-0 и нови три бодови на Интер.

Верона славеше против Аталанта со 3-1, а головите ги постигнаа Белгали, Џовани и Бернеде за домаќинот, додека за гостинот од Бергамо стрелаше Скамака.

Standings provided by Sofascore