
Инфантино нешто мати: Роналдо би можел да игра на клупското СП, иако Ал Наср не е пласиран!
СКП ќе се одржи во САД (15 јуни-13 јули) со учество на 32 клуба што ќе се борат за титулата, но и за богат награден фонд. Саудискиот клуб Ал Хилал е единствениот претставник од таа земја, додека Ал Наср — клубот на Роналдо — не успеа да се квалификува, па португалската ѕвезда и соиграчите ќе бидат на одмор во тој период. Но и покрај тоа, изјавата на Инфантино поттикна шпекулации дека Роналдо би можел да се приклучи на друг клуб само за турнирот.
Неговиот договор со Ал Наср истекува на 30 јуни, а засега нема информации за продолжување на соработката.
„Да, постои можност Кристијано да игра на клупското СП. Беше во преговори со некои клубови... ако има заинтересирани – зошто да не? Никогаш не се знае“, изјави Инфантино, оставајќи простор за надеж кај фудбалските вљубеници.
Тимот на Роналдо, сепак, изразил незадоволство од коментарите на претседателот на ФИФА, истакнувајќи дека Португалецот моментално преговара со Ал Наср за нов договор и дека не се разговарало за можна позајмица ова лето.