Елмас не го заборава Наполи - му честиташе Скудето (ФОТО)

Елиф Елмас знае колку голема работа е да се освои Скудето со Наполи, македонскиот репрезентативец уште навива за овој тим иако веќе не е таму.

Македонскиот фудбалер беше дел од тимот на Наполи кој стана шампион на Италија пред три години, сега дел од неговите поранешни соиграчи повторно се радуваа на титулата.

Елмас преку социјалните мрежи му го честиташе успехот на Наполи.