
Баражи: Шкендија Арачиново во обид да му го земе местото на Осогово во Втората лига!
Осогово ќе се обиде да го задржи местото во Втората лига, а амбициозниот тим на Шкендија Арачиново да влезе во овој ранг на натпреварување.
Натпреварот се игра во Кавадарци, најавено е присуство на навивачки групи и на двата тима, па се очекува убава атмосфера на трибините, а голема борба на теренот.
Останатите два бараж дуели за влез во ВМФЛ се меѓу третолигашки екипи.
На стадионот во Ѓорче Петров се среќаваат Тетекс и Големо Коњари, а на тренинг центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“ ќе играат Преспа и Слога Виница.
Сите три натпревари почнуваат од 17 часот.
Бараж мечеви за пополнување на ВМФЛ:
Кавадарци: Осогово - Шкендија Арачиново
Скопје: Тетекс - Големо Коњари
Скопје: Преспа - Слога Виница