
Емотивни сцени во Мадрид: Транспарент на „Бернабеу“ го расплака Анчелоти (ФОТО)
На трибините на „Сантијаго Бернабеу“ беа поставени транспаренти за Анчелоти и Модриќ, при што искусниот стратег не можеше да ги запре солзите.
Carlo Ancelotti in tears. 🤍🥲 pic.twitter.com/yuOyZ4iwDH
— Madrid Xtra (@MadridXtra) May 24, 2025
Анчелоти го почна вториот мандат кај „кралевите“ во 2021 година, па така си заминува по четири години, а го тренираше шпанскиот тим и во период од 2013 до 2015 година.
Модриќ, од друга страна, игра за „кралскиот клуб“ од 2012 година кога пристигна од Тотнем, а ќе го напушти тимот од Мадрид по завршување на Светското клупско првенство.