Баерн Минхен нема да тагува по Вирц - веднаш најде негова замена!

Германскиот шампион Баерн Минхен беше блиску до трансфер на Флоријан Вирц, меѓутоа талентираниот фудбалер се премисли и реши да потпише со Ливерпул.

Баерн Минхен нема да тагува по Вирц, туку веднаш пронајде негова замена и истата доаѓа од Премиер лигата, а станува збор за јапонскиот репрезентативец Каору Митома од Брајтон.

Митома веќе импресионираше со неговите настапи за Брајтон во Премиер лигата, а неговата цена изнесува околу 50 милиони евра.

Гигантот од Минхен верува дека со ангажирање на Митома ќе добие ист квалитет како со Вирц, а притоа ќе заштеди многу пари за трансфер.

Фото: Facebook/FC Bayern München