Претседателот на Баерн го призна поразот: Вирц се сели во Премиер лигата!

По големиот број шпекулации во медиумите, претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хаинер потврди дека неговиот тим ја загубил трката за потписот на еден од најбараните млади фудбалери во Европа, Флоријан Вирц.

Вирц долго време се поврзуваше со новиот германски шампион, меѓутоа во трката се вклучи и премиерлигашот Ливерпул кој успеа да ги договори личните услови со талентираниот фудбалер.

„Да, ја загубивме битката. Вирц ќе се пресели во Ливерпул“, кажа првиот човек на гигантот од Минхен.

Германецот оваа сезона настапи на 45 меча во сите натпреварувања, а притоа постигна 16 голови и 15 асистенции за Баер Леверкузен.

Фото: Facebook/Bayer 04 Leverkusen