
АЕК не сакал да биде жртва - сакал среде Скопје да испише грчка историја!?
Поразот во првиот меч (25-29) разочара многумина во тимот, бидејќи играта на теренот, според пишувањата на грчките портали, не била одраз на вистинскиот капацитет на „жолто-црните“. Во текот на изминатата недела, тимот интензивно работел на анализирање и коригирање на грешките, особено во одбраната и нападот, кои придонесоа за незадоволителниот резултат.
„Не одиме како жртви. Одиме во Скопје да ја испишеме нашата историја и да се бориме со помалку жалење отколку по првиот натпревар“, изјави тренерот Фредерик Бужон, кој верува во своите играчи и во нивната способност за пресврт.
Тој додаде дека секој предизвик ја гради екипата.
„Ова низ што поминуваме нè калѝ. Нема да се предадеме. Една недела е доволна за да промениш историја или барем да се обидеш да напишеш ново сценарио“, дополни францускиот стратег.
АЕК во Скопје ќе има поддршка од неколку стотини навивачи, што дефинитивно ќе биде дополнителен мотив за играчите на грчкиот тим, но и можност за евентуален инцидент со кој би го оправдале неуспехот. Поради ова, сите во македонскиот тим и во салата „Борис Трајковски“ ќе мора да внимаваат на подлегнат на провокациите со цел на најдобар можен начин да се дојде до историскиот европски трофеј.