Илчо Ѓорѓиоски и другарите имаат задача да ја „убијат“ кандидатурата на Мароко!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) преку својата група „таск форс“ во која член е првиот човек на македонскиот фудбал Илчо Ѓорѓиоски во моментов е во инспекција на двата кандидати за домаќин на СП 2026 и токму оваа група е последниот филтер пред кандидатурите да се најдат на Советот на ФИФА, а потоа и на Конгресот во Москва на 13 јуни, на кои со гласање ќе биде избран домаќинот на првиот Мундијал со 48 учесници.

Норвешкиот новинар Пол Едегард во својата статија под името „Сила со задача да 'убие'?, објавува детали зошто инспекцијата на ФИФА, која е во ек во моментов има за задача да ја оцени кандидатурата на САД, Мексико и Канада како подобра и да ја фаворизира во однос на самостојната кандидатура на Мароко.

Која е петчлената група „таск форс“, која врши евалуација на двете кандидатири? Мароканците се сомневаат во пристрасност во евалуацијата на кандидатурите и сметаат дека оваа петчлена група има задача – да ја „убие“ мароканската кандидатура. Задача на таск-форс е да состават извештај до Советот на ФИФА во кој ќе ги оценат техничките и економските критериуми со оценки од – нула до пет. Советот на ФИФА потоа треба да даде препорака до јунскиот Конгрес во Москва, каде што ќе се гласа кој ќе биде домаќин на СП 2026. Првпат домаќин ќе се избира на Конгрес, а исто така ќе биде јавно гласање, што значи дека светот ќе дознае, кој делегат за која кандидатура гласал.

Низа официјални лица од африканската конфедерација веќе ја изразија загриженоста дека моменталната инспекција за евалуација се марионетите на Инфантино, која треба да му даде лоши оценки на Мароко, па дури и да ја дисквалификува оваа кандидатура пред гласањето. Ѓорѓиоски е последниот член, за светската јавност најмалку познат, затоа што беше избран н Советот на ФИФА во октомври, додека останатите четворица членови се високо позиционирани личности во фудбалската хиерархија во светската организација. Сепак, сите тие, треба да ги одработат задачите поставеби од Инфантино.

КОИ СЕ МАРИОНЕТИТЕ НА ИНФАНТИНО – ПЕТЧЛЕНАТА ТАСК-ФОРС ГРУПА?

Марко Вилигер е заменик генерален секретар за комерцијални и административни работи во ФИФА, типичен ФИФА технократ и според многумина – вистинскиот генерален секретар на ФИФА. Тој е лидер на оваа петорка. Во ФИФА почнал во 2002 година како дисциплинец, пред да стане директор на правниот дел во 2007. Поради неговата ефикасност и дискретција, бил еден од луѓето со најголема доверба кај поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, но пред да се случат апсењата во ФИФА во Цирих од страна на швајцарската полиција и од ФБИ, ја ангажирал престижната адвокатска канцеларија од САД, „Квин Емануел“ за да ја заштити ФИФА од етикетирања дека е мафијашка организација. Договорот со Квин Емануел бил потпишан во 2014 година од страна на Вилигер, а Блатер дури и поим немал за тој договор.. Бившиот претседател се повлекол по советите од Вилигер. Откако Инфантино го добил првиот мандат за да го наследи Блатер, се ослободил од старите кадри освен од едно лице – Марко Вилигер. Прашање е дали Инфантино е најмоќниот човек во ФИФА или е тоа дискретниот швајцарски адвокар?

Звонимир Бобан е уште еден заменик генерален секретар, многу попознат, но многу малку влијателен и без преголемо искуство во фудбалската политика. Бобан е познат како еден од дијамантите од „златната генерација“ на Југославија, која се подели на неколку држави во 90-те. Бобан беше национален херој на Хрватите откако удри полицаец за време на неодиграниот меч Динамо Загреб – Црвена Звезда во мај 1990 година, а по успешната кариера со Хрватска, освојувајќи европска титула со Милан, беше менаџер и комумнист во единствениот хрватски спортски весник. Неговите искрени колумни, каде го критикуваше корумпираното раководство на земјата го направија екстремно популарен, но исто така го направија и непријател. Посебно со Здравко Мамиќ, бившиот претседател на Динамо. Мамиќ, кој е поврзан со низа корупциски случаи во Хрватска и натаму е се смета за најмоќен човек, иако има судска забрана за било какви фудбалски активности. Колумната во која Бобан го критикѕваше Мамиќ беше цензурирана, а Бобан даде оставка и тоа беше причина никогаш не доби позиција во ХНС. Бобан таа можност ја отфрли со образложение - организацијата која е „многу скапана за еден човек да ја поправи“. И како заврши во ФИФА како еден од најистакнатите членови, главен за техничкиот и спортски дел? Откако го придружуваше Инфантино за да ги надгледува подготовките за СП во Моссква и во Доха, по Конгресот на ФИФА во Мексико сити, тој беше официјално ангажиран како специјален советник заедно со поранешниот генерален секретар на норвешката федерација, Кјетил Сием во мај 2016. Зошто Инфантино го избра Бобан за близок советник е нејасно, но може да се заклучи дека Бобан е тоа што Вилигер не – човек кој е лојален и лесен за контрола.

Томаж Весел. Претседател на комисијата на ФИФА за ревизија и усогласеност. Уште еден човек од Балканот и уште едена играчка-војник на Инфантино? Претходник на Доменико Скала, кој поднесе оставка во знак на протест зошто Советот на ФИФА предводен од Инфантино ја повлече резолуцијата за реформската програма на Скала. Како Инфантино го избра Словенецот на местто на Скала? Откако ФИФА го поддржа Александар Чеферин за претседател на УЕФА во 2016 година, Весел му беше соиграч во словенечката неделна лига на адвокати? ФИФА сигурно не беше загрижена се обелодени дека Весел имал позиција во младинскиот комитет во словенечката федерација во тие пет години пред неговото назначување во ФИФА, што според сопствените правилници ФИФА ќе бил отфрлен како кандидат ако биле испочитувани. Заедно со генралниот секретар Фатма Самура заминале во Брисел за да го убедат претседателот на комитетот за управување Мигел Мадуро да го направи Русинот Виталиј Мутко подобен за член на Советот на ФИФА. Мутко не можел да биде член на Советот затоа што имал политичка функција – заменик премиер на Русија. Самура и Весел не успеале во нивната мисија кај Мадуро, кој ги следел правилата, но затоа на следниот Конгрес бил отпуштен. ФИФА со приказна за широко географско и родово проширување во независните комисии најде начин да го отпушти. Тоа имплицираше дека има многу средновечни европејци кои претседаваат со комитетите во ФИФА. А, Весел – средновечен европеец, остана нормално како претседател на својата комисија

Микул Мудигал. Бившиот заменик на Мадуро. Има искуство како државен судија во Индија, каде што најмногу го надгледуваше процесот за искоренување на корупцијата во професионалната крикет лига во земјата. Во спротивност, тој е нејасна личност како фудбалски администратор од Индија. Од заминувањето на Мадуро, никој повеќе не слушна ништо за комитетот за управување, а Мудигал очигледно не е ригорозниот и вредниот извршител како Мадуро за неговиот краток мандат. Оттогаш тој јавно ги критикуваше дека во комитетот има помалку независни членови отколку избрани фудбалски лица, но очигледно дека тоа не му пречи на неговиот поранешен заменик и наследник. Можеби станува сензација што во оваа таск-форс група има уште една „опашка“ на Инфантино

Илчо Ѓорѓиоски. Последниот член. Сите претходници или биле назначени директно од претседателот на ФИФА или се тука поради махинациите на Инфантино. Сите тие имаат доста високи и моќни позиции во светската организација, но Ѓорѓиоски не е еден од нив. Тој е само еден од 23-та членови на организацискиот комитет за натреварувања на ФИФА, но видете, таа комисија ја води претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, тимскиот колега на Весел. И навистина, Ѓорѓиоски е третиот во петчлениот таск форс од Балканот. Но, кој е воопшто Ѓорѓиоски? Беше избран за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во 2012 година, по играчката и тренерската кариера. Но, ако Македонците се надеваа дека поранешниот тренер на Вардар ќе биде добар избор, тие се разочараа. Не само затоа што земјата пропадна на ФИФА-листата, туку затоа што има сериозни обвинувања за измама и заплашување на делегатите и на набљудувачите кога беше избран. И тоа не е се. Има силни индиции дека тој ја користи ФФМ како средство за проневера на пари за своја корист. И тоа може да биде само врвот на ледената санта.

ВО ШТО СЕ СОМНЕВААТ МАРОКАНЦИТЕ ЗА ФАВОРИЗИРАЊЕ НА КАНДИДАУРАТА „ЈУНАЈТЕД 2026“.

На северот на Африка отворено се сомеваат дека Инфантино ја фаворизира „Јунајтед 2026“ (заедничката кандидатура на САД, Мексико и Канада), затоа што во преговорите за правата, ФИФА инсистирала на бонус од 306 милиони долари од северноамериканските радиудифузери ако победи обединетата кандидатура. Исто така се сомневаат во „фер и транспарентната“ постапка откако се смениле критериумите и тоа два дена пред истекот на рокот за поднесување на истите. Мароко има проект вреден 16 милијарди долари, за разлика од обединетата кандидатура која веќе ги има сите свои капацитети, но Инфантино ветил четирипати повеќе пари за развој на националните асоцијации, затоа што обединетата канддатура ќе донесе многу повеќе пари во касата на ФИФА, а тој со тоа ќе добие втор мандат на чело на светската фудбалска организација.