Ибрахимовиќ ги објави плановите после фудбалската пензија и во кој клуб сака да се врати

Шведската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, кој моментно е член на Лос Анџелес Галакси ги откри плановите откако ќе ја заврши кариерата, па посочи во кој клуб сака да се врати да работи како спортски директор.

Ибрахимовиќ кариерата ја почна во Малме, по што направи трансфер во холандски Ајакс во 2001 година, а потоа играше во Јувентус, Интер, Милан, Барселона, Пари Сен Жермен и Манчестер јунајтед. Ибрахимовиќза холандски „Де Телеграф“ објави дека сака да се врати во Ајакс.

„Јас вообичаено не сака да се вратам во клуб каде што сум играл, ама мислам дека после завршувањето на фудбалската кариера, радо би бил спортски директор на Ајакс. Би работел двојно подобро од било кој што е таму. Ајакс е мој клуб, горд сум што бев дел од овој холандски клуб и горд сум како се промовираа повторно во Европа. Тоа е нешто прекрасно што може да се види во последно време“, вели Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот наскоро ќе наполни 38 години, а за Ајакс одигра 110 меча и даде 48 гола.