
И донесе финале на Борусија во ЛШ, но нема да добие нов договор
Најавите од Германија се дека летово сигурно нема да се разговара за нов договор бидејќи во клубот сакаат да видат напредок во домашното првенство. За неговата иднина би можело да се разговара кон крајот на календарската година кога ќе се видат резултатите од новата сезона.
Борусија играше финале, но трофеите изостануваат и овој тим освои само еден куп во 2021 година, а сезонава во првенството заврши на петтото место. Минатата сезона имаа големи шанси да дојдат до титулата, но ја загубија во последното коло.
Актуелниот договор кој го има Терзиќ е со важност до 2025 година.