Херојот од Палермо прослави јубилеј – 300 мечеви во кариерата (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, херојот од Палермо во март годинава кога со неговиот тим ја елиминиравме европскиот првак Италија од мундијалските баражи (1-) денеска прослави голем јубилеј – 300 мечеви во кариерата на клупски план.

Трајковски во кариерата играше за хрватски Интер Запрешиќ, белгиските Зулте Варегем и Мехелен, италијански Палермо, шпанска Мајорка, дански Алборг и саудиска Ал Феиха каде е член и моментно.

„Одиграв 300 мечеви за клубовите во мојата кариера и секогаш ќе бидам благодарен за довербата која ја имаа во мене“, објави Трајковски.

Трајковски најмногу во кариерата играше за Палермо, каде има третина од вкупниот број мечеви (104) и во овој италијански клуб остави најсилен белег.

За Македонија има 79 меча и 20 гола и е втор најдобар стрелец после рекордерот Горан Пандев.