Херојот на Исланд откри како му го одбрани пеналот на Меси

Голманот на Исланд, Ханес Тор Халдорсон, беше јунак на својата репрезентација во ремито со Аргентина, откако успеа да му одбрани пенал на Лионел Меси.

Халдорсон за медиумите откри како знаел каде ќе шутира Меси од белата точка.

„Не го одбранив случајно пеналот на Лионел Меси. Многупати го анализирав како шутира пенали. Јас сум во таа категорија на голмани кои често гледаат и анализираат казнени удари. Размислував како Меси и затоа го одбранив неговиот удар“, открива голманот на Исланд.

Халдорсон вели дека за ремито против Аргентина се заслужни сите репрезентативци, а не само тој.