
Гвардиола денеска можеби го најави трансферот на Донарума
Во последните денови Манчесер сити се поврзуваше со Џанлуиџи Донарума кој веќе се збогуваше со ПСЖ, а дека иднината на Едерсон не е сигурна потврди и Пеп на претходната прес-конференција.
„Ќе видиме до натпреварот против Брајтон, по неа ќе помине преодниот рок, па ќе можеме да знаеме со што располагаме дефинитивно“, изјави Гвардиола.
На денешниот натпревар против Тотнем на голот на „граѓаните“ е 22-годишниот Џејмс Трафорд. Треба да се потсети дека Донарума има само 26 години, па така неговото доаѓање може да се покаже како одличен потег на гигантот од Манчестер.
Фото: PSG/X