Група А: Русија и Уругвај во битка за прво место

По двете воведни победи и зверувањето на пласманот во осминафиналето, домаќинот Русија и Уругвај денеска (16 часот) ќе се судрат во мечот за кој да биде првопласиран во групата, иако и двете селекции нема да може да тактизираат и да бираат која селекција да ја добијат од групата Б, каде Шпанија и Португалија вечерва од 20 часот ќе ги играат своите мечеви.

Математиката пред дуелот за прво место е едноставна, Уругвај со победа само може да биде прв, додека на Русите им одговара и реми затоа што при ист број на бодови, поради супериорната гол-разлика ќе го освојат првото место.

Луис Суарез и Единсон Кавани, напаѓачкиот двоец на Уругвај ќе биде главната игла за победа на Уругвајците на денешниот меч, но интересно ако Суарез секојпат кога дал гол на СП, двојниот светски првак победил, тоа не е случај со Кавани. Гол на ѕвездата на ПСЖ носи малер, затоа што двапати досега кога погодил – Уругвај двапати загубил!

Русија и Уругвај вкрстуваат во Шпанија и Португалија, па сега во коло во кое неизвесно е до крај кој е биде прв во групата, како би одиграле домаќинот и двојниот светски првак, кои попрво би посакале да ја избегнат „црвената фурија“. Уругвај излегува речиси со целиот тим, со неколку промени и во тимот и во формацијата, за разлика од Русија која тргнува исто така ќе комбинира за овој меч и ќе игра со комбиниран состав.

Во вториот меч во исто време, од 16 часот, Египет и Саудиска Арабија во мечот без значај ќе се судрат на простувањето од овој Мундијал во вториот меч од оваа група А, во кој и двете селекции ќе се обидат барем со бод да го завршат настапот. Саудиска Арабија досега нема дадено гол, додека Египет даде еден утешен во поразот од Русија со 1-3.

УРУГВАЈ – РУСИЈА (16 часот, Самара Арена)

Уругвај: Муслера – Коатес, Годин, Касерес – Нандез, Вечино, Тореира, Бентакур, Лаксат – Суарез, Кавани

Русија: Акинфеев – Кудрашов, Игнашевич, Кутепов, Смолников – Газински, Зобнин – Черишев, Миранчук, Самедов - Дзујба

САУДИСКА АРАБИЈА – ЕГИПЕТ (16 часот, Волгоград Арена)

С. Арабија: Ал Мосалем, Осама, Ал Бурајик, Салман, Хатан, Јасер, Отаиф, Хусаин, Салем, Фахад, Мотаз

Египет: Ел Хадари, Али Габр, Хегази, Фати, Хамед, Марван, Салах, Абделшафи, Елнени, Абдала, Трезеге