Голем талент ја откачи Хрватска зашто сака да игра за Германија?

Хрватската спортска јавност остана шокирана по објавата на нивните медиуми дека талентираниот Борна Соса најверојатно ќе игра за германската репрезентација.

Германскиот фудбалски сојуз реагирал и веќе разговарал со Соса, по што се договорил со Хрватот да заигра за нивната репрезентација.

Мајката на фудбалерот е родена во Берлин и тоа му дава за право да заигра за Германците, а што се однесува до неговите настапи за Шттугарт, тој досега одигра 25 меча и има дури 10 асистенции.

Досега 19 пати настапи за младинската репрезентација на Хрватска, но очигледно нема да игра и за сениорскиот тим на „коцкестите“.