Ѓоковиќ на прекрасен начин му честиташе на Модриќ за „Златната топка“ (ФОТО)

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ му честиташе на најдобриот светски фудбалер за наградата „Златна Топка“. 

Србинот и во текот на изминатото лето додека траеше Светското првенство во фудбал постојано им даваше подршка на Хрватите, кои играа финале. Овој пат тој одвои време да му оддаде признание на Лука Модриќ, кој се закити со наградата за најдобар светски фудбалер.

„Сите честитки на драгиот Лука Модриќ  за освојувањето на 'Златната топка'. Апсолутно заслужено. Горд момент за нашиот регион, кој го доби најдобриот светски фудбалер“, напиша Ѓоковиќ на својот „Твитер“.