Фудбалер на Реал Мадрид ќе го замени Нејмар во репрезентацијата

Нејмар требаше да се врати во репрезентацијата на Бразил по пауза од година ипол, меѓутоа фудбалерот на Сантос нема да игра за татковината во квалификациите за Мундијалот.

Бразилецот се повреди минатата недела, а медицинскиот тим потврди дека не е подготвен за настап, поради што селекторот Доривал Жуниор реши да го повика Ендрик од Реал Мадрид.

Ендрик го носи дресот на „кралевите“ од минатото лето, но не добива често шанса кај Карло Анчелоти, меѓутоа сега ќе има шанса да го покаже својот квалитет за селекцијата на Бразил.