Франција со „покер“ за Андора, Германија ја растури Естонија (ВИДЕО)

Германија во четвртото коло од квалификациите за Евро 2020 буквално ја растури Естонија (8-0), а убедлива победа запиша и Франција на гостувањето кај Андора со 4-0.

Германците немаа милост кон Естонија, па во првото полувреме постигнаа дури пет голови. Марко Ројс стрелаше во десетата минута, а седум минути подоцна погоди Серж Гнабри. Три минути потоа во листата со стрелци се запиша и Леон Горецка, а до крајот на првите 45 минути погодија уште Илкај Гундоган и Ројс.

Во второто полувреме продолжи доминацијата на Германија, па преку Гнабри, Тимо Вернер и Лирој Сане ги поставија конечните 8-0.

Германија е второпласирана на табелата во група Ц со девет освоени бода по три одиграни меча, а Северна Ирска има 12 бода по четири одиграни средби.

Франција беше фуриозна против Андора, па славеше со убедливи 4-0. Килијан Мбапе по само 11 минути се запиша во листата на стрелци, а до крајот на првото полувреме погодија уште Висам Бен Једер и Флоријан Туван. Додека во 60. минута Курт Зума ги постави конечните 4-0.

Франција е првопласирана по четири одиграни меча со три победи и еден пораз.

Останати резултати:

Казахстан – Сан Марино 4-0
Азербејџан – Словачка 1-5
Албанија – Молдавија 2-0
Белгија – Шкотска 3-0
Белорусија – Северна Ирска 0-1
Грција – Ерменија 2-3
Исланд – Турција 2-1
Италија – БиХ 2-1
Унгарија – Велс 1-0
Русија – Кипар 1-0