Франција го прекина децениското проклетство на светските шампиони (ФОТО)

Суперѕвездата Килијан Мбапе со два гола вечерва го однесе светскиот првак Франција во осминафиналето на Светското првенство во Катар и „триколорите“ станаа прв тим со сигурен пласман во елиминациската рунда, ама со тоа падна и децениското проклетство на владетелите во светскиот фудбал.

Од 2002 година кога последен пат неевропска земја стана светски шампион (Бразил) започна една црна традиција и проклетство за актуелните шампиони од Европа, кои не успеваа да ја минат групната фаза. Токму Франција на тоа СП во Јапонија и Јужна Кореја испадна во групите, а дојде како бранител на тронот од домашниот Мундијал во 1998 година.

Но, од 2010 година и првенството во Јужна Африка три светски прваци по ред испаѓаа во групната фаза. Прво Италија, како светски првак во 2006 година испадна, па Шпанија во 2014 после освоената титула во 2010, а Германија на последното СП во Русија доживеа катаклизма.

Од 2002 година наваму само Бразил како светски првак успеа да ја мине групната фаза на СП во Германија.