Фотографија која покажува колку (не) му се слави роденден на Меси (ФОТО)

Лионел Меси денеска наполни 31 година, а својот роденден го дочека во аргентинската база на Светското првенство во Русија.

Неговиот израз на лицето на фотографијата е забележан на последниот тренинг на неговата репрезентација, а очигледно не му е до славење бидејќи изгледа како да е без желба.

Единствена категорија во која е прв пред крајот на второто коло во групите на Мундијалот е – играч кој преминал најмалку растојание во 90 минути.

Против Исланд промаши пенал за победа, а во дебаклот од Хрватска воопшто не можеше да се забележи на теренот.

Меѓутоа, не е праведно да се обвинува само Меси за очајната ситуација во репрезентацијата. Целата екипа зависи од него и очигледно планот на селекторите е – додајте му на Меси и тој сигурно нешто ќе направи.

Аргентина и во квалификациите играше катастрофално, па постигна 19 гола во 18 натпревари, како и Венецуела, најлошата селекција во Јужна америка.

Исто така, изненадува фактот дека голот кој против Исланд го постигна Серхио Агуеро, а му асистираше Маркос Рохо е прв аргентински гол во натпреварите по 600 дена во кои асистент или стрелец не е Меси.