ФИФА ги направи изгор скапи билетите, па сега со студенти ќе ги полни стадионите на Светското клупско првенство!

И покрај тоа што Лионел Меси ќе игра на отворањето на Светското клупско првенство, ФИФА се мачи да продаде влезници.

„Хард Рок“ стадионот на кој ќе се игра дуелот меѓу Интер Мајами и Ал Ахли, прв на натпреварувањето, има капацитет од 65.000 седишта, а досега се продадени само 20.000 билети.

Причина за слабиот интерес се и високите цени, во ФИФА некој ја преценил куповната моќ на населението, а се работи и за клубови кои немаат големи фан бази.

За да ја извади ситуацијата, ФИФА се договори со универзитет во Мајами кои има 100.000 студенти. Секој студент кој ќе купи билет, ќе добие уште четири гратис. Цената на билетот за студентите е само 3,5 евра.

„Ќе го наполниме стадионот, атмосферата ќе биде фантастична. Вистина е дека има уште влезници во продажба, но ќе продадеме уште многу влезници во наредните денови“, рече првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

Првичните цени на билетите кои ги одредила ФИФА биле околу 350 долари најевтините. Сега се продаваат во регуларна продажба за околу 73 долари.

Има големо намалување и на цените на Премиум и ВИП влезниците.

Премиум сега се продаваат за 125 долари, а претходно за 525. ВИП сега за 260, претходно за 725.

Мечот меѓу Интер Мајами и Ал Ахли се игра во 2 часот по полноќ во сабота према недела.

Фото: X/FIFA