„Фантомски меч“ во Бразил донел приходи во обложувачници од – 1,5 милиони евра

Фантомски меч во Бразил, кој наводно се играл на 25 март, донел приходи од 1,5 милиони евра и сега целиот случај на можна измама е под сериозна истрага, откако преку 200 букмејкери во светот го имале во својата понуда.

Мечот Андрауш Бразил од Парана против Гремио Серано од Параиба се играл, ама не како официјален и покрај суспензијата на сите фудбалски активности поради пандемијата со коронавирус. Ама, таков меч бил со „фантомски“ непознати играчи, а се одржал под овие имиња на клубови. Сигурно е дека не играле пријавените играчи во федерацијата. И преку 200 букмејкери го имале во понуда.

Сега се ситражува дали клубовите играле меч ѝ покрај забраната поради обложувачката мафија, зашто фантомски мечеви се појавија и во Украина и Русија, а таму никакви средби не се играле поради забраната, но обложувачници ги ставиле на понуда, па уште и се водела статистика, имало стрелци на голови, а мечевите дури биле и ставени и за обложување во живо.

Бидејќи комисијата за интегритет започна комплетна истрага, адвокатот на Андрауш објави дека мечот се играл, но допрва ќе дал докази за такво нешто. Наводно, тој меч не е официјален бидејќи бил предвиден само како меч за „скаутирање“ на фудбалери од Серано. Од Гремио од Параиба, пак, велат дека тие не испратиле свој тим, туку тимот бил со фудбалери кои не се нивни. Сега челниците на фудбалот во Парана и Параиба најавија сериозна истрага, а посебно ќе се испитува дали постојат конекции со обложувачката мафија.