Енрике: Штета што Мбапе игра за Реал

Tренерот на ПСЖ, Луис Енрике истакна дека му е жал што Килијан Мбапе го напушти клубот од Парз и се пресели во Реал Мадрид

Мбапе по шест сезони на „Паркот на принцовите“ одлучи да ја промени средината, а Енрике не крие дека посакувал да остане.

„Килијан е одличен играч и личност каква што е тешко да се пронајде кога зборуваме за фудбалерите на негово ниво. Штета е што се пресели во Реал Мадрид“, изјави Енрике.

Во дресот на ПСЖ, Мбапе помина шест сезони во кои одигра 308 натпревари и постигна 256 голови.

„Ќе мораме да се научиме да играме без Мбапе. Тоа е нешто што сите тренери мораат да го направат“, додаде Енрике и така потврди дека не е во лош однос со фудбалерот.

Сезонава Мбапе во дресот на Реал Мадрид настапи на осум натпревари и постигна шест гола.