Ел Шарави по шест години се сели во нов клуб
Ел Шарави пристигна во Рим во 2016 година од Милан, а периодот во клубот го прекина помеѓу 2019 и 2021 година, кога настапуваше како позајмен играч во кинески Шангај.
Поранешниот италијански репрезентативец, кој ја одби можноста да настапува за Египет за да го носи дресот на „аѕурите“, се збогуваше со навивачите на Рома со емотивна порака.
„Постојат места што стануваат дом, а да не сте ни свесни за тоа, а потоа еден ден сфаќате дека тоа било многу повеќе, луѓе, емоции, живот. За мене овие 10 години беа токму тоа. Дојдов со соништа, амбиции и силна желба да се докажам. Заминувам со полно срце, исполнет со спомени, заеднички битки, големи радости, но и тешки моменти кои ме направија посилен. На теренот и надвор од него.
Во овој клуб најдов искрена наклонетост, почит и чувство на припадност кое оди подалеку од фудбалот. Секогаш се трудев да го почитувам овој дрес на најавтентичен начин, давајќи сè од себе секој ден. Заедно испишавме важни поглавја, меѓу кои и освојувањето на меѓународен трофеј кој засекогаш ќе остане дел од мене. Носењето на капитенската лента беше огромна чест и привилегија. Како и секоја приказна и оваа има крај“, порача Ел Шарави.
Фото: AS Roma