Левандовски се збогуваше со Барселона! (ВИДЕО)

Полскиот голгетер Роберт Левандовски објави дека ја напушта Барселона со завршувањето на актуелната сезона, информацијата напаѓачаот ја соопшти преку видео на социјалните мрежи. 

По четири години минати во Барса, навивачите ќе имаат можност да се простат од него утре на „Камп Ноу“ во натпревар кој сигурно ќе биде исполнет со емоции.

Договорот на Левандовски истекува на крајот од јуни, а во Барселона пристигна летото 2022 година од Баерн Минхен и веднаш стана еден од клучните напаѓачи на тимот. Иако оваа сезона имаше нешто помала улога, Полјакот и натаму покажа дека неговиот голгетерски инстинкт не исчезнал.

„По четири години исполнети со предизвици, напорна работа и незаборавни моменти, дојде време да продолжам понатаму. Замнувам со чувство дека ја исполнив мојата мисија. Ова беа четири интензивни сезони во кои освоивме три шампионски титули и ја вративме Барса таму каде што припаѓа. Каталонија секогаш ќе има посебно место во моето срце. Ви благодарам на сите што бевте дел од ова прекрасно поглавје“, додаде Левандовски покрај емотивното проштално видео.

Кога е неговиот следен чекор во прашање досега најчесто се поврзуваше со италијанските гиганти Милан и Јувентус, но се споменуваа и клубови од МЛС лигата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Robert Lewandowski (@_rl9)

Фото: Barcelona FC