Вембањама против Шеј во финале на Западот – Детроит избори „мајсторка“ (ВИДЕО)
Апсолутен херој беше руки-сензацијата Стефон Касл со 32 поени и 11 скока, додека Деарон Фокс диригираше со 21 поен и девет асистенции. Виктор Вембањама можеби немаше шутерска рапсодија, но повторно покажа зошто е кошмар за секој противник – 19 поени, 17 скока и три блокади.
Спарс уште од стартот го „скршија“ отпорот на „волците“, а во третиот период направија „масакр“ и стигнаа до неверојатни +36. Минесота немаше одговор, иако Ентони Едвардс постигна 24 поени. Големо разочарување беше Џулиус Рендл со само три поени и катастрофален шут од игра. „Мамузите“ во финалето на Западот ги чека актуелниот шампион Оклахома сити тандерс и неверојатниот Шеј Гилџис-Александер, кој со својот тим досега газеше сè пред себе во плејофот.
На Истокот, пак, следува „мајсторка“! Кошаркарите на Детроит пистонс го декласираа Клувленд кавалирс (115-94) и израмнија на 3-3 во серијата. Кејд Канингем блескаше со 21 поен, а Пистонс уште еднаш покажаа карактер кога беше најтешко. Седмиот меч ќе решава кој ќе патува во финалето на Источната конференција.