Можност да го избира новиот претседател на Звезда ќе има и Путин!

Рускиот претседател Владимир Путин ќе има право на глас на претседателските избори во Црвена звезда.

Изборите во белградскиот клуб ќе се одржат на 22 и 23 мај, а право на глас имаат сите активни членови со платена годишна членарина. Според конечниот избирачки список што го утврди Изборната комисија на Црвена звезда, меѓу нив се наоѓа и Путин.

Членската карта на рускиот претседател е заведена под реден број 20 и е издадена во 2011 година, кога тој беше гостин на раководството на клубот.

Тогаш Путин во живо го следеше пријателскиот натпревар меѓу младинските екипи на Црвена звезда и руски Зенит на „Маракана“. Беше пречекан со овации од навивачите, а од клупското раководство доб и дрес на Црвена звезда со бројот 1.

Една година претходно, „Гаспром“ стана генерален спонзор на белградскиот клуб, а соработката трае и денес. 

Фото: ФК Црвена звезда