Селтик не дозволи бајка во Шкотска, Хартс минути го делеа од сензација! (ВИДЕО)
Хартс беше на чекор да ја прекине доминацијата на Селтик и Ренџерс во првенството која трае од 1985 година кога последен пат некој трет клуб го освои трофејот, тоа беше Абердин предводен од Сер Алекс Фергусон.
На Хартс денеска во домот на Селтик му беше доволно и реми, но на крајот загуби што за Селтик беше прва победа сезонава против тимот кој речиси цела сезона беше лидер во првенството.
Тргнаа гостите одлично и во 43. минута Шакленд со глава по еден корнер донесе водство за Хартс, Селтик брзо се врати и во продолжеието од првото полувреме од пенал израмни на 1-1.
Нападна Селтик во второто полувреме тргна по втор гол до кој дојде дури во финишот, а херојот беше Јапонецот Маеда во 86. минута, третиот гол Селтик го постигна во последните секунди кога целиот тим на Хартс тргна по израмнување.
За Селтик ова е 56-та титула шампион на Шкотска со што стана најтрофеен клуб, Ренџерс е на една помалку, додека Хартс остана на своите четири, последен пат шампион беше во 1980 година.
Фото: Celtic FC