НБА „откри“ кој е МВП на сезоната?
Победникот ќе биде познат в недела, непосредно пред првиот натпревар од финалето на Западната конференција помеѓу Оклахома и Сан Антонио, кој почнува околу 1:30 часот по средноевропско време.
Тројца кошаркари остануваат во најтесната конкуренција за престижната награда: актуелниот победник Шеј Гилџс Александер од Оклахома, ѕвездата на Сан Антонио Виктор Вембанјама, и српскиот центар Никола Јокиќ од Денвер. Кој и да победи, тоа ќе биде осма сезона по ред во која трофејот за МВП го освојува играч роден надвор од САД.
Со оглед на тоа што натпреварот се игра во Оклахома, може да се претпостави дека втора година во низа, наградата ќе ја освои Гилџес Александер. НБА обично ги доделува индивидуалните награди на теренот на добитникот и од тоа треба да се заклучи дека канадскиот кошаркар пак ќе триумфира.