Eкс-фудбалер на Јувентус во проблем: Издаден е налог за негово апсење!

Бразилскиот фудбалер, Даглас Коста се најде во сериозни проблеми откако судот во Порто Алегре издаде налог за негово апсење поради неплаќање алиментација во износ од пола милион реали (околу 78.000 евра), пренесува „Газета дело Спорт“.

Во слична ситуација Коста се најде и пред две години додека настапуваше за Лос Анџелес Галакси во МЛС лигата кога беше осуден на 30 дена затвор.

Токму од тој период датира и важечкиот налог за апсење кој останува на сила до крајот на 2025 година и овозможува на полицијата и судските слубженици да го приведат во било кој момент.

Проблемите на Коста не завршуваат тука бидејќи неговиот клуб, австралискиот Сиднеј каде што пристигна минатата година објави дека го раскинува договорот.

„Сиднеј ја раскинува соработката со Даглас Коста. Фудбалерот нема да може да се врати во Австралија поради праавните и лични проблеми во Бразил. На 25 настапи постигна шест голови и подели осум асистенции“, соопштија од клубот.

Коста во најдобрите денови од кариерата го носеше дресот на Шахтар Доњецк, Баерн Минхен и Јувентус, но никогаш во целост не ги исполни големите очекувања.

Фото: Juventus FC/X