Одредени цените за натпреварот на Македонија со Казахстан

Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница на Управниот одбор рапсраваше за неколку точки.

Помеѓу останатото федерацијата ја одреди и цената на билети за наттпреварот против Казахстан кој го играме на 13 октомври на домашен терен. Цените во зависност од позицијата на седење ќе бидат од 300 до 500 денари, односно идентично како и за натпреварот против Лихтенштајн кој го игравме во овој месец.

И во овој натпревар влезот за младите фудбалери во придружба на нивните тренери од Детската лига, фудбалските школи од регионалните лиги и сите млади категории (пионери, помлади пионери, кадети, младинци) во клубовите во системот на натпреварување на ФФМ ќе биде бесплатен.

Останатите одлуки на можете да ги видите на официјалниот сајт на ФФМ -  ТУКА.