
Миовски добива нов тренер – синот на еден од најдобрите стратези во светот!
Изгледа дека управата на Ренџерс го изгубила трпението по лошиот старт на сезоната во кој тимот нема победа во првите пет кола од шкотското првенство.
Информациите говорат дека синот на Анчелоти кој го води Ботофаго може да биде реална опција затоа што и неговата иднина во бразилскиот клуб е неизвесна, исто така поради слаби резултати.
На последните осум натпревари, Ботофаго со него забележа амо две победи, но посебно болен беше поразот од 6-4 против Васко Де Гама во четвртфиналето од бразилскиот куп. Ренџерс од друга страна веќе заостанува девет бода на табелат зад најголемиот ривал Селтик и тоа е разлика која тешко ќе се надополни.
Ќе потсетиме, македонскиот напаѓач, Бојан Миовски на почетокот на оваа сезона пристигна од Жирона во Ренџерс каде што го чека својот деби гол.
Фото: Rangers FC/X