Монако пред дебакл: Клуб Бриж им даде три гола за 11 минути (ВИДЕО)

Клуб Бриж се разигра во првото полувреме против Монако и на паузата води со убедливи 3-0 во првото коло од главната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).

„Кнезовите“ први имаа шанса да зададат удар, меѓутоа Аклиуш промаши пенал, по што почнаа проблемите за гостинскиот состав.

Тресолди во 32. минута погоди за 1-0, по што Ониедика зголеми на 2-0 во 39. минута, а пред самиот крај на полувремето во листата на стрелци се запиша и Ванакен.

Фото: Facebook/Club Brugge KV