Мурињо по враќањето во Бенфика: Никогаш не сум бил помотивиран од сега!

Португалскиот стратег Жозе Мурињо денеска беше промовиран како нов тренер на Бенфика, откако реши да се врати во клубот каде што ја почна кариерата, а веднаш даде изјава која ги израдува навивачите.

Мурињо кажа дека никогаш во животот не се чувствувал помотивиран и се надева дека ќе постигне добри резултати со Бенфика, иако го очекува пекол посебно во Лигата на шампиони (ЛШ).

„Никогаш не сум бил помотивиран и амбициозен како сега. Ниту еден клуб, кој сум го тренирал претходно, не успеал да ме мотивира како Бенфика“, кажа Мурињо.

Искусниот тренер претходно ги тренираше Челси, Порто, Реал Мадрид, Интер, Манчестер јунајтед и други екипи.