
Халанд стигна до 50 гола во Лигата на шампионите - убедливо најбрзо во историјата
Норвежанецот денеска го отвори резултатот на мечот против Наполи и со тоа стигна до 50. гол во елитното натпреварување на УЕФА. Интересно е тоа што до оваа бројка со само 49 натпревари со што постави нова, можеби недостижна граница.
Досегашниот рекордер, односно најбрзиот фудбалер кој стигнал до 50 гола во Лигата на шампионите беше Руд ван Нистелрој кому му требаа 62 натпревар за да дојде до овој јубилеј. До бројката од 50 гола, норвешкиот фудбалер стигна како играч на Салцбург, Борусија Дортмунд и Манчестер Сити.
Покрај ова, Халанд го помина Алфредо ди Стефано и се израмни со Тиери Анри на деветтото место на вечната листа на стрелци во Лигата на шампионите. Пред него сега е токму Ван Нистерлој кој има 56, а потоа следува Томас Милер со 57 гола.