Само шест клуба ги распродале сите натпревари сезонава,четири се германски

Oд почетокот на актуелната сезона, само шест клубови ги распродале стадионите за сите натпревари, а дури четири од нив доаѓаат од Германија каде што очигледно има најверни фанови.

Секако, помеѓу четирите германски се двата најголеми, Баерн Минхен и Борусија Додртмунд. Досега екипата на Баерн играше пред своите гледачи играше со Лајпциг, Хамбургер и Челси и во сите на стадионот имало 75.024 гледачи, колку и што собира.

Борусија Дортмунд има стадион со капацитет од 85.365 и тој секогаш бил исполнет до последното место. Преостанатите два германски клуба имаат помали стадиони, Хајденхајм (15.000) и Сент Паули (29.546).

Двата клуба кои не се од Германија се премиерлигашот Арсенал каде што во дуелите со Лидс и Нотингем форест имал максимална посетеност од 60.704 гледачи и холандскот НЕЦ Нијемеген кој играше со Екселзиор, Бреда и ПСВ на својот стадион со капацитет од 12.650.

Фото: Borussia Dortmund