
Флик го испофали Рашфорд по шоуто на Сент Џејмс Парк!
Англичанецот не беше ефикасен во Ла Лига на почетокот од сезоната, па многумина се сомневаа во одлуката на Барса да го потпише Рашфорд.
Но, со вчерашното издание Рашфорд замолкна многумина.
„Зборував со Рашфорд во јули и му реков: „Ми требаш во мојот тим“. Не сум изненаден. Рашфорд е фудбалер со неверојатен талент и фантастична можност за финиш на нападите, нешто што го гледаме на тренинзите“, рече Флик по натпреварот.
Самиот Рашфорд имаше убави зборови за својот тренер Флик.
„Ја чувствувам довербата која Ханси Флик ми ја дава. Знаев дека е голем тренер пред да дојдам тука, но работењето со него е вистинско задоволство“, рече Рашфорд.