
Пелистер беше блиску до сензација во Париз, потклекна во финишот кај ПСЖ!
Првото полувреме понуди големи возбудувања, а Пелистер парираше долго време, меѓутоа ПСЖ потоа направи исчекор и поведе со 11-7. Сепак, битолчани во финишот влегоа во одлична серија од 5-0 и израмнија на 16-16.
Пелистер беше одличен и во второто полувреме, каде што водеше со „плус три“ (22-19), но проблемите почнаа по неколку контроверзни одлуки на исландските судии кои ги извадија од колосек „зелено-белите“, па тоа го искористи ПСЖ за на крајот да триумфира со 27-33.
Најефикасен во победничкиот состав беше Пранди со 11 погодоци, додека Манасков запиша пет голови за Пелистер.
Исто така вечерва, Барселона беше поразена на домашен терен во дербито од Магдебург со 21-22 во драматична завршница.
Standings provided by Sofascore