Клуб Бриж го посрамоти Монако, Баер Леверкузен освои бод во Копенхаген (ВИДЕО)

Белгиската екипа Клуб Бриж направи големо изненадување на нивниот старт во Лигата на шампиони (ЛШ), откако триумфира со 4-1 против фаворитот Монако, додека Баер Леверкузен се спасуваше од срам и освои бод против Копенхаген (2-2).

По промашениот пенал на „кнезовите“ во 10. минута од мечот следеше целосен распад-систем, зашто Клуб Бриж во само 11 минути постигна три гола, и тоа преку Тресолди, Ониедика и Ванакен.

Диакон дополнително ги шокира гостите од Монако, откако во 75. минута стрелаше за 4-0, па на крајот Фати успеа да постигне почесен погодок за неговиот тим (1-4).

 

Ларсон во деветтата минута му донесе водство на Копенхаген, по што гостите од Германија не успеаја да најдат соодветен одговор во првото полувреме.

Грималдо во 82. минута ја врати надежта на „фармацевтите“ со голот за 1-1, но набрзо следеше нов шок за тимот од Леверкузен откако Роберт погоди за 2-1. Сепак, Хацидиакос со автогол му подари бод на гостинскиот состав.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/Club Brugge KV