Македонските надежи загубија и вторпат од Кипар

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години запиша уште еден пораз од Кипар во пријателски натпревар.

Надежите на Македонија во вторникот беа поразени со 0-1, а денеска загубија со убедливи 0-3 на дуелот во Радовиш.

Првиот гол на мечот го постигна Христодулидес, по што стрелаа Герасиму и Неофиту во второто полувреме за конечни 3-0.

Фото: ФФМ